Општина Македонски Брод продолжува со активностите за подобрување на урбаната слика и квалитетот на општинските услуги. Во тек е првата фаза од модернизацијата на тротоарот на улица „Илија Игески Цветан“, во должина од 160 метри.

Оваа инвестиција е целосно финансирана од Буџетот на Општина Македонски Брод и претставува дел од пошироките планови за унапредување на инфраструктурата и создавање поудобни и побезбедни услови за движење на граѓаните.

Со овие проекти, општината го потврдува својот фокус на подобрување на јавните површини и подигнување на животниот стандард во градот.