Општина Македонски Брод ги известува свoите граѓани дека и покрај обилните снежни врнежи успеа да ги направи достапни патиштата до секое село во општината, а ги има 51.
Денес е пробиен патот и до село Брезница кое се наоѓа на надморска височина повеќе од 1000 м. Сите оние кои сакаат да ги посетат селата кои слават Водици, непречено можат да стигнат до посакуваната дестинација.