Во рамки на континуираните активности за унапредување на безбедноста во сообраќајот, Општина Македонски Брод реализираше поставување на средства за смирување на сообраќајот на улицата „Партизанска“ и  поставување на вертикална сигнализација на крак од улицата „Даме Груев“.

Со поставувањето на сообраќајни бариери и јасна сигнализација, значително се намалува брзината на возење, што директно придонесува за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, особено на најранливите категории – децата и повозрасните лица.

Поставената вертикална сигнализација овозможува навремено и јасно информирање на возачите за измените во режимот на сообраќајот, со што се зголемува нивната внимателност и се поттикнува одговорно учество во сообраќајот. Оваа интервенција е дел од поширокиот пристап за создавање побезбедни улици во општината.