Младински Центар Македонски Брод е место каде младите (од 15 до 29 години) можат да учат, да се изразуваат креативно, да споделуваат идеи и да се вклучат во различни активности што ги поттикнуваат нивниот личен и професионален развој.

Што нудиме? 

  • Филмски клуб – Секој петок во 17 часот е резервиран за филмска вечер! Младите сами предлагаат и гласаат за филмот што ќе го гледаме, а по проекцијата следува дискусија за темите, пораките и впечатокот што го оставил. Прикажуваме различни жанрови – од драми и документарци до култни класици.
  • Арт клуб (во формирање) – Простор за сите што сакаат да создаваат, цртаат, сликаат и експериментираат со уметност.
  • Едукативни работилници – Простор за учење и личен развој! Преку интерактивни сесии обработуваме теми кои ги засегаат младите, како комуникациски вештини, кариерно советување, ментално здравје, лидерство и активно граѓанство. Работилниците се динамични, со дискусии, практични вежби и размена на искуства.
  • Културни и забавни настани – Дебати, изложби, музички настани, иницијативи и други активности кои го збогатуваат културниот живот на младите и локалната сцена.

 Каде и кога?

📍 Локација: СОУ „Св.Наум Охридски“ (поранешна кантина)
🕑 Работно време: Секој работен ден од 14:00 до 18:00 часот

Следи нè за сите новости и приклучи се на нашата заедница:
🔗 Instagram и Facebook

📌 Контакт: Елена Крстеска Ангелова – младински работник и координатор

е-маил: mc.mk.brod@gmail.com

➡️ Младинскиот центар е твоето место за инспирација и акција!