Општина Македонски Брод согласно сообраќаен проект и одлукатa на Советот на Општина Македонски Брод инвестира во урбана опрема-автобуски постојки за линиски превоз на патници за потребите на граѓаните. Истите се лоцирани на улица,,Партизанска” и улица ,,Маршал Тито”. Градоначалникот Жарко Ристески, изврши увид во работите при поставувањето на новите автобуски постојки.