Граѓаните и посетителите од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi на спортските терени во близина на СОУ „Св.Наум Охридски“. Интернетот е достапен и во непосредна близина на спортските терени односно на улица Партизанска.

          Wi-Fi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital.

          Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ Северна Македонија и Западен Балкан. Нашата општина ќе биде една од 500 во регионот кои ќе добијат WiFi4WB мрежа, по примерот на ЕU програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7000 локации низ Европската Унија.

          Сите граѓани и посетители можат да се поврзат бесплатно и да користат сигурна интернет врска

          Со оваа поддршка, општина Македонски Брод продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница.

#WiFi4WB

#EU4Digital 

#TeamEurope