За одбележување на Денот на младите, Општина Македонски Брод, денес ја заврши реконструкцијата на фудбалското игралиште кое се најдува во дворот на средното општинско училиште “Св. Наум Охридски”.
Средствата за овој проект ги одобри Советот на општината од општинскиот буџет, на предлог на Градоначалникот Жарко Ристески.
Проектот има за цел силно анимирање на младите преку спортски активности.
Светот останува на младите!
Среќен меѓународен Ден на младите!