Денес, по силна ангажираност на Градоначалникот Жарко Ристески, Советот на Општина Македонски Брод, службеникот за млади при Општина Македонски Брод, Вања Димоска во соработка со Локалниот младински Совет, Сојузот за младинска работа, невладиниот сектор – Локал акт Македонски Брод и СОУ “Св. Наум Охридски” во нашата општина се отвори Младински центар.
Општина Македонски Брод е една од ретките општини кои согласно членот 22 од Законот за младински активизам и младински политики отвори Младински центар.
Младинскиот центар е место каде младите ќе можат да го развиваат својот личен, социјален и професионален живот, но и каде ќе може да дејствуваат во насока на други аспекти на секојдневното нивно дејствување.
Програмата која ќе се спроведува во овој центар ќе ја координира сертифицираниот младинскиот работник Елена Крстеска Ангелова.
Локацијата на младинскиот центар се најдува во просторијата на поранешната кантина во СОУ” Св. Наум Охридски”.
Почитувани млади, ве повикуваме на активно учество и ви посакуваме плодна работа.