Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на РМ“ бр.66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 и „Службен весник на РСМ“ бр.257/2020 година), а врз основа на Програмата за заштита на населението од заразни болести на територијата од Општина Македонски Брод, ќе се спроведе превентивна дератизација на ден 22.09.2026 година. Дератизацијата ќе се изврши на целиот канализационен систем, односно на 150 шахти, согласно стручното мислење на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп.