Се известуваат граѓаните на Општина Македонски Брод дека во петок (07 август 2026)  година, во вечерните часови (после 22 часот), ќе се спроведе прскање против комарци – адултицидна дезинсекција. Предмет на третирање се реон Расадник, Требински пат, Базент, Фудбалско игралиште, пат за Кичево до с. Латово, Горни лозја, делови од градот Македонски Брод, пат за Самоков до Мотел Пешна, Емо – колектор, Лилјанино долче, Вител.

          Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства, а граѓаните да избегнуваат движење во зоните каде ќе се врши третманот за време на прскањето.

          Доколку временските услови се неповолни и не дозволуваат реализација на активностите, односно прскањето ќе се изврши во следниот поволен термин, за што дополнително ќе бидете информирани.