Во рамките на Процесот на „Зајакнување на општинските совети фаза-2 ” каде преку Проектниот Форум на Заедницата граѓаните на Општина Македонски Брод во последната Четврта Форумска сесија ги гласаа предложените проекти и истите му беа предадени на Градоначалникот Жарко Ристески со цел истите во иднина да бидат реализирани.
А како прво рангиран проект беше Реконструкција на Градскиот Стадион во Македонски Брод и истиот ќе биде финансиски, поддржан од страна на UNDP во соработка со Амбасадата на Швајцарија, Министерството за Локална самоуправа заедно со Општина Македонски Брод.
Записникот од четвртата форумска сесија можете да го погледнете ТУКА.