Денес (12.03.2025 година) екипа на КМГ ЕОЛ КВАЗАР изврши санација односно поправка на фотонапонска централа која се наоѓа во кругот на Пречистителната станица.
Беше поставен нов фотонапонски панел, а исто така беше поставен фотонапонски панел кој не беше во функција. После поставувањето беше измерено целокупното функционирање на фотонапонската централа и се утврди дека сите стрингови се во функција односно дека централата работи со сиот свој капацитет.