Нека новогодишната елка биде симбол на заедништвото, солидарноста и надежта дека претстојната година ќе донесе нови можности, развој и напредок за нашата општина.
Нека празничните светла внесат радост во срцата на најмладите, мир во секој дом и верба дека заедно можеме да изградиме подобра и посветла иднина за сите граѓани.
Општина Македонски Брод Ви посакува Среќна нова 2026 година.








