Општина Македонски Брод со свечени активности го одбележа 7 Септември – Денот на ослободување на градот.

Традиционално, беа положени свежи цвеќиња на спомен-паркот на паднатите борци и на споменикот на Калето, во чест на сите кои го дадоа својот живот за слободата. Во Домот на културата се одржа свечена академија, на која беа доделени плакети за особен придонес и развој на општината.

Групата „Кале“ доби плакета за повеќедеценискиот ангажман во културата, музиката и промоцијата на Македонски Брод. Основното училиште „Св. Климент Охридски“ беше наградено за својата посветеност во вклучувањето на децата со пречки во развојот во образовниот процес. ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Македонски Брод доби признание за поддршката и развојот на згрижувачките семејства. Плакета за особен развој во спортот и промоција на општината беше доделена и на спортистот Бојан Димоски.

Со овие активности Општина Македонски Брод уште еднаш ја потврди својата благодарност кон борците, граѓаните и институциите што придонесуваат за развојот и афирмацијата на градот.

Честит празник – 7 Септември, Денот на ослободувањето на Македонски Брод!