Почнувајќи од 29.08.2024 година, четврток, Општина Македонски Брод согласно законската регулатива започнува акција за зголемување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на јавната чистота.
Општинските комунални редари во соработка со овластениот комунален инспектор ќе започнат со мапирање и опомена на сите правни и физички лица кои на јавни места имаат оставено стари, дотраени и хаварисани возила.
Заедно да го направиме Македонски Брод чисто и уредно место за живеење.