Почитувани граѓани,
Општина Македонски Брод има чест и задоволство да ве покани на Третата форумска сесија, која ќе се одржи на 29.01.2025 година, во 14:00. часот во холот на ООУ „Св.Климент Охридски“.
Проектниот форум се реализира од страна на Општина Македонски Брод, во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ – фаза 3, финансиран од Швајцарска амбасада и Министерството за локална самоуправа, а спроведуван и ко – финансиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), во соработка со граѓанските организации, бизнис секторот, младите и сите заинтересирани граѓани. Општина Македонски Брод активно го вклучува форумот како алатка за партиципативно вклучување на граѓаните во процесите на одлучување на локално ниво, со цел да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.
Комплетното известување можете да го погледнете на следниот ЛИНК.