Во просториите на Општина Македонски Брод се одржа средба на градоначалникот со претседателите и претставниците на месните заедници, посветена на креирањето на Буџетот на Општина Македонски Брод за 2027 година.
            На средбата се разговараше за потребите, проблемите и приоритетите на жителите во населените места, при што претставниците на месните заедници имаа можност да ги изнесат своите предлози, иницијативи и идеи за реализација на проекти од значење за локалното население.
          Целта на ваквите средби е преку отворен дијалог, транспарентност и активно учество на граѓаните да се креира буџет кој ќе одговори на реалните потреби на сите населени места во општината.
          Општината останува посветена на соработката со месните заедници и граѓаните, со цел рамномерен развој и подобрување на условите за живот.
          Заедно ги утврдуваме приоритетите и ја градиме иднината на Општина Македонски Брод!