Здружението на граѓани „Поречки средби“, на 13 јуни 2026 година, во сабота, со почеток во 10:30 часот организира 18-та по ред манифестација „Поречки културни средби“.
Поводот за организирање на оваа манифестација е одбележување на 10-ти јуни – Ден на културата во Република Македонија.
Настанот ќе се одржи под дебелите сенки крај ресторанот Извор, во село Манастирец.
Играорци, песнопојци, инструменталисти и млади поети се дел од програмата. За сите гости предвиден е ручек – војничко гравче.
Воедно ОО Црвен крст – Кичево организира крводарителска акција која ќе се одржи во Здравствениот дом во с.Манастирец.
Повелете на едно незаборавно доживување во нашето прекрасно Поречие.








