Општина Македонски Брод ги известува своите даночни обврзници дека во месец март ќе отпочне постапка за присилна наплата на неплатениот данок на имот, заклучно со 2025 година.
Ве замолуваме навремено да се информирате за евентуалните неплатени даночни обврски и да пристапите кон нивно подмирување, со цел да ги избегнете дополнителните трошоци за извршување.
Сите информации можете да ги добиете во канцеларијата на Даночното одделение при Општина Македонски Брод или на тел.075 922 901 (Сузана).








