Со пригодна свеченост и возење на велосипеди од пред дворот на средното училиште „Св.Наум Охридски“ до мостот „Алкалоид“ беше одбележан светскиот ден без автомобили – 22 Септември.
Свое учество зедоа поголем број на ученици, граѓани, ентузијасти и љубители на велосипедот.
Исто така во кругот на детската градинка и најмалите зедоа учество во одбележувањето на овој ден.