Им се соопштува на граѓаните на Општина Македонски Брод, дека на ден 14.05 2025 година (среда) на територијата на Македонски Брод, предвидено е да се спроведе дератизација и ларвицидна дезинсекција која има за цел уништување на ларвите на комарците.

          Предмет на третирање се блата и мочуришта како и водени засеци кои се образуваат по течението на Река Треска во непосредна близина на градот.

          Третирањето ќе започне во попладневните часови со дератизација, додека ларвицидната дезинсекција ќе се одвива во вечерните часови односно после 22:00 часот, а ќе го врши овластена фирма, односно Трули Нолен НМ Дооел -Скопје.

          Доколку временските услови не дозволат да се спроведат третманите на дезинсекција и дератизација, тогаш истите ќе бидат одложени за следниот поволен ден.