Општина Македонски Брод објавува,
Ј А В Е Н П О В И К
За учество на граѓаните преку Месните заедници во креирањето на Буџетот на Општина Македонски Брод за 2027 година.
Општина Македонски Брод ги повикува сите претседатели и членови на месните заедници активно да се вклучат во процесот на креирање на Буџетот на Општина Македонски Брод за 2027 година.
Целта на јавниот повик е преку непосредна комуникација со граѓаните да се утврдат нивните приоритети, потреби и предлози за реализација на проекти и активности во населените места на територијата на општината.
Секој предлог ќе биде разгледан и земен предвид при подготовката на Буџетот, согласно финансиските можности и развојните приоритети на Општината.
Датум: 27.11.2026 година
Време: 12:00 часот
Место:Општина Македонски Брод
Заедно да ги утврдиме приоритетите и да придонесеме за подобар живот во сите населени места на Општина Македонски Брод.
Вашето мислење е важно!
Општина Македонски Брод








