Почитувани,
          Општина Македонски Брод ги повикува сите физички лица кои издаваат куќи, станови, соби или апартмани за ноќевање и оние кои имаат Решение со изминат рок согласно Законот за угостителска дејност („Службен весник на РМ“ бр. 62/04 … 16/25), да поднесат барање за упис во Регистарот за угостителска дејност.
          По добивањето Решение од страна на Градоначалникот на Општина Македонски Брод, потребно е да се поднесе и барање за категоризација на објектот за сместување.
          За таа цел е формирана надлежна комисија која ќе изврши увид на лице место, по што, согласно изготвениот записник, Градоначалникот донесува Решение за извршена категоризација на објектот за сместување.
          Ги известуваме сите физички лица дека, доколку бидат затекнати како вршат дејност на издавање објекти за ноќевање без претходно обезбедени соодветни решенија, ќе бидат санкционирани согласно важечките закони и прописи.
          За сите дополнителни информации, заинтересираните граѓани можат да се обратат во просториите на Општина Македонски Брод – Одделение за локален економски развој секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот или барањата можат да се превземат од веб страната на Општина Македонски Брод каде ќе бидат поставени.