Се известуваат граѓаните на Општина Македонски Брод дека во вторник  на 28 јули 2026 година, ќе се спроведе прскање против комарци – ларвицидна дезинсекција. Предмет на третирање се блата и мочуришта како и водени засеци кои се образуваат по течението на река Треска.

          Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства, а граѓаните да избегнуваат движење во зоните каде ќе се врши третманот за време на прскањето.

          Доколку временските услови се неповолни и не дозволуваат реализација на активностите, прскањето ќе се изврши во следниот поволен термин, за што дополнително ќе бидете информирани.

          Ви благодариме на разбирањето и соработката.

          Со почит,

          Општина Македонски Брод