Почитувани сограѓани,
Ве информираме дека на ден 11.06 (четврток), во периодот од 22:00 до 05:00 часот, екипа од Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе ја спроведе првата фаза од адултицидната терестична дезинсекција (од земја) на територијата на Општина Македонски Брод со цел уништување на комарци.
Дезинсекцијата ќе се изведува со УЛВ апаратура за ладно замаглување, поставена на пикап возило, со претходница од друго возило означено со ротационо светло.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот и неговата периферија. Се известуваат пчеларите навремено да преземат соодветни превентивни мерки за заштита на пчелните семејства, со цел избегнување на евентуални несакани последици.
Во случај на неповолни временски услови (дожд и ветер), дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден поволен ден.
Општина Македонски Брод апелира до граѓаните за разбирање и почитување на препораките, со цел успешно и безбедно спроведување на активностите.








