Почитувани,
На ден 15.05.2026 год. (Петок) Општина Македонски Брод, преку овластена фирма, на територијата на општината ќе спроведе ларвицидна дезинсекција со цел уништување на ларвите на комарците заради спречување на ширењето на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојните води во градот и локалитети на територијата на Општина Македонски Брод.
Истиот ден е предвидено да се изврши и дератизација. Со првата пролетна дератизација според документацијата за набавка на услуги ќе се поминат сите локации со предвидени 150 шахти за третирање.
Во случај на неповолни временски услови (дожд, ветер и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Со почит,








