Почитувани граѓани,
Ве информираме дека заклучно со 03.03.2026 година, завршува важноста на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.
Поради тоа ги потсетуваме сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација до Општина Македонски Брод, а чија постапка е во прекин, да ја искористат оваа законска можност за докомплетирање на нивните барања со цел решавање на истите.
Ги повикуваме сите засегнати страни навремено да се обратат до Општина Македонски Брод, да се информираат за статусот на своето барање и да ја достават дополнителната документација.
Во спротивно, доколку барањата не бидат навремено дополнети, истите ќе бидат одбиени, согласно законските одредби.
Општина Македонски Брод
Градоначалник,
м-р Жарко Ристески








