Ден без автомобили е еколошки настан кој се одбележува на 22 Септември како Светски ден без автомобили. Целта е да се зголеми свесноста за загадувањето на воздухот од возилата и да се поттикнат луѓето да користат алтернативни начини на превоз, како јавен транспорт, пешачење и велосипедизам. Овој ден има за задача да охрабри зачувување на чиста и здрава животна средина и да се замисли град кој е прилагоден за луѓето, а не за автомобилите. Во таа насока се охрабруваат граѓаните на овој ден да не го користат автомобилот.

          По тој повод ќе се организира прошетка со возење на велосипед со почеток во 12:00 часот од пред средното училиште СОУ „Св.Наум Охридски“ до мостот „Алкалоид“.

          Да го заштедиме домашниот буџет, да го подобриме здравјето, да поттикнеме секојдневна здрава навика и да ја заштитиме животната средина.