Соопштение до граѓаните

          Им се соопштува на граѓаните на Општина Македонски Брод дека на ден 20.06.2024 година (четврток), во периодот од 22:00 до 05:00 часот, на територијата на Македонски Брод, екипа од Центарот за јавно здравје - Прилеп, ќе спроведе теристичка (од земја) адултицидна дезинсекција со цел уништување на комарци. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени површини како во градското подјачје, така и на периферијата од градот.

            Со цел избегнување евентуални несакани последици се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.

            Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

            Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки, ЈЗУ Центар за јавно здравје и Општина Македонски Брод се оградуваат од појава на несакани последици.

         


Печати   Е-пошта