Решение за свикување на 33 (триесет и трета) седница на Совет на Општина Македонски Брод

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/02), и согласно член 19 став 2 од Статутот на Општина Македонски Брод („Службен гласник на Општина Македонски Брод“ бр.2/03, 1/06, 1/11, 11/14, 1/15, 5/19 и 13/22), Претседателот на Советот на Општина Македонски Брод донесе

РЕШЕНИЕ

за свикување на триесет и треттата (33) седница на Советот на Општина Македонски Брод

Ја свикувам триесетитреттата (33) седница на Советот на Општина Македонски Брод, Седницата ќе се одржи на ден 21.02.2024 година (среда) со почеток во 11,00 часот .За седницата го предлагам

Предлог-Дневен Ред

-разгледување на записникот од предходната 32 седница

Т1. Предлог - Одлука за именување на членови во У.О. на ЈКП „Комунална хигиена” Македонски Брод

Т2. Предлог - Одлука за именување на членови во Н.О. на ЈКП „Комунална хигиена” Македонски Брод

Т3. Предлог - Одлука за именување на членови во У.О. на ЈП „Водовод и канализација” Македонски Брод

Т4. Предлог - Одлука за именување на членови во Н.О. на ЈП „Водовод и канализација” Македонски Брод

Т5. Информација за безбедносната состојба на подрачјето на ОВР - ПС-ОН Македонски Брод во текот на второ полугодие од 2023 година

Т6.Предлог - дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на територијата на општината Македонски Брод за 2024 година, бр.18-873/8 од 30.11.2023 година

Т7.Предлог - дополнување на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на водоводи, канализациони мрежи и собирање и одведување на атмосферски води во Општина Македонски Брод за 2023 година Бр.18 – 873/5 од 30.11.2023 година

Т8. Годишен Извештај за работа за 2023 година на ОУ Дом на култура Македонски Брод

Т9.Предлог – измена и дополна на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Македонски Брод

Т10.Предлг-измена и дополна на Програмата за социјална заштита за 2024 година

Т11.Предлог-програма за спроведување на општите мерки за заштита на наслението од заразни болести за 2024 година

Т12.Етички кодекс на локалните функционери на Општина Македонски Брод

Т13.Предлог-Одлука за давање согласност за склучување на спогодба во врска со предмет бр. 18-202/1 од 08.02.2024 година

Т14.Предлог-Одлуказа давање согласност за склучување на спогодба во врска со предмет бр. 03-137/1 од 24.01.2024 година

Т15. Поднесени барања од праавни и физички лица до Советот на Општина Македонски Брод

ПРЕДЛОЗИ И ПРАШАЊА

Седницата ќе се одржи во салата за состаноци во зградата на општина Македонски Брод


Печати   Е-пошта