Извештај за стратегија за безбедност на патиштата и акциски план за општина Македонски Брод

       Општина Македонски Брод има склучено договор за соработка со Министерството за транспорт и врски, за имплементација на активности за операционализација на институционални промени за унапредување на безбедноста во сообраќајот. Согласно овој договор предвидена е проектна активност „Преглед на капацитетите за управување со безбедноста во сообраќајот и подобрување на капацитетите за управување на сообраќајот на локално ниво“, која што вклучува:

     1. Воспоставување на локално тело за безбедност во сообраќајот и

     2. Подготовка на стратешки документи (Стратегија за безбедност во сообраќајот и акционен план) и оперативни документи (Годишна програма за работа на локалното тело за безбедност во сообраќајот), базирани на анализа која ќе ја земе предвид Директивата на ЕУ 96/2008 и 1936/2019 за управување со безбедноста на патната инфраструктура.

     Предлог Стратегијата за безбедност на сообраќајот на патиштата можете да ја погледнете и превземете ТУКА.

     Сите забелешки, сугестии, коментари можете да ги доставите на официјалната е-маил адреса на општината: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. пред да истата биде усвоена од страна на Советот на општина Македонски Брод.

     Тука сакаме да искажеме особена благодарност до тимот кој учествуваше во изработката на оваа предлог Стратегија во состав: д-р Дејан Јованов, д-р Драгослав Кукиќ, д-р Крсто Липовац, м-р Рајко Бранковиќ, м-р Филип Трајковиќ, Милена Вуксановиќ Петровиќ, Марина Теповска Штарго и работната група формирана од страна на Градоначалникот на Општина Македонски Брод.

     Овој документ претставува прв стратешки документ во општина Македонски Брод од областа на безбедноста на патниот сообраќај. 

 


Печати   Е-пошта