Јавен повик за избор на членови на Управен/Надзорен одбор на јавни претпријатија

       Врз основа на член 26 од Законот за јавни претпријатија („Службен весник на РМ“ бр.38/96 ... 35/19 и „Службен весник на РСМ“ бр.275/19 ... 89/22) и член 2 од Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведување на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавни претпријатија („Службен весник на РСМ“ бр.283/22), Советот на општина Македонски Брод во својство на основач на претпријатијата објавува:

1.Јавен повик за избор на членови на Управен одбор на ЈКП „Комунална хигиена“ (ЛИНК)

2.Јавен повик за избор на членови на Управен одбор на ЈП „Водовод и канализација“ (ЛИНК)

3.Јавен повик за избор на членови на Надзорен одбор на ЈКП „Комунална хигиена“ (ЛИНК)

4.Јавен повик за избор на членови на Надзорен одбор на ЈП „Водовод и канализација“ (ЛИНК)

        Образецот за пријавување на јавниот повик за именување на членови на Управен/Надзорен одбор на јавно претпријатие можете да го симнете ТУКА.

Печати