Донесен е Буџетот на Општина Македонски Брод за 2023 година

         На седницата на Советот на Општина Македонски Брод одржана на 29.12.2022 година е донесен Буџетот на Општина Македонски Брод за 2023 година

        Буџетот на Општина Македонски Брод за 2023 година изнесува 212.423.917,00 денари и се состои од:

-Основен буџет -104.888.000,00 денари

-Буџет на самофинансирачки активности - 4.800.240,00 денари

-Буџет на дотации - 99.052.000,00 денари

-Буџет на донации - 3.683.677,00 денари

             Приходите во износ од 212.423.917,00 денари се распределени по намени во соодветни буџетски програми, во кои се планирани расходите во износ од 212.423.917,00 денари.

            Структура на приходите во основниот буџет:

-Сопствени приходи - 33.289.000,00 денари

- Трансфери од  други нивоа на власт - 6.761.000,00 денари

-Дотација на општината од ДДВ - 40.658.000,00 денари

- Пренесен вишок на приходи од претходна година - 24.180.000,00 денари

        Комплетното известување можете да го погледнете и превземете ТУКА.


Печати   Е-пошта