Кампања „Мојот данок, за мојата општина“

        Општина Македонски Брод како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина“.

        Едукативната кампања „Мојот данок, за мојата општина“ има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднина на општината.

        Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.

        Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.

        За да дознаете повеќе за данокот на имот погледнете го видеото. 

        Информирајте се повеќе од летокот објавен на следниот ЛИНК.


Печати   Е-пошта