Посета на амбасадорката на Јапонија на Македонски Брод

          На покана на градоначалникот Живко Силјаноски, денес (02.09.2020 година) Амбасадорката на Јапонија во РС Македонија КЕИКО ХЕНЕДА беше во посета на Општина Македонски Брод.

          Амбасадорката беше запознаена со природните потенцијали со кои располага општината.

          Во рамките на активностите беше посетен и Здравствениот дом во Македонски Брод, каде градоначалникот Живко Силјаноски и директорот на Здравствениот дом д-р Жарко Симески ја изразија благодарноста на јапонската амбасада за добиената донација во вредност од 55.000 евра за реконструкција на здравствениот дом.

          По повод успешно реализираниот проект, Амбасадорката ХЕНЕДА во кругот на здравствениот дом засади Јапонска цреша.

Печати