Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација на Предлог Урбанистички план вон населено место

СООПШТЕНИЕ

за организирање на јавна анкета и јавна презентација на Предлог Урбанистички план вон населено место за „Електроцентрали од обновливи извори на енергија“ КО Манастирец, Општина Македонски Брод

          Површината на планскиот опфат по Предлогот Урбанистички план вон населено место за „Електроцентрали од обновливи извори на енергија“ КО Манастирец, Општина Македонски Брод, изнесува 24.074 ха и тоа дел од КП бр.1 и КП бр.303 за КО Манастирец.

          Јавната анкета по Предлогот Урбанистички план вон населено место за „Електроцентрали од обновливи извори на енергија“ КО Манастирец, Општина Македонски Брод, во површина од 24.074 ха, изработен од страна на Агенција за планирање на просторот - Скопје со тех.бр. Е 0419 ќе трае 5 работни дена и ќе се одржи од 10.08.2020 година до 14.08.2020 година со излагање на планот во Општина Македонски Брод - Одделение за урбанизам, а јавната презентација на планот ќе се одржи на ден 12.08.2020 година со почеток во 12:00 часот во салата на Советот на Општина Македонски Брод.

          Комплетното Соопштение можете да го погледнете и превземете ТУКА.  

          Графичкиот приказ можете да го погледнете и превземете ТУКА.

          Анкетниот лист можете да го погледнете и превземете ТУКА.

Печати