Заклучок на Општинскиот координативен штаб за заштита и спасување

          Се повикуваат сите економски оператори и маркети на територијата на Општина Македонски Брод кои се регистрирани за online продажба, дека ќе може да вршат достава само на најнеопходни намирници за итни и неодложни потреби за време на полицискиот час, во деновите: сабота, недела и понеделник. Истите задолжително мора да испратат барање до Општинскиот коoрдинативен штаб за заштита и спасување во Општина Македонски Брод на следната e-mail адреса This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., најдоцна до четврток (16.04.2020 година) до 12 часот.

          Сепак, препорака на Општинскиот кординативен штаб за заштита и спасување во Општина Македонски Брод е граѓаните да ги завршат набавките до петок (17.04.2020 година), до пред почетокот на полицискиот час.

           Општински координативен штаб за заштита и спасување

                                Живко Силјаноски с.р. 


Print   Email