Извештај за Стратегиска оцена на Животната средина

Извештај за Стратегиска Оцена на

Животната средина

Урбанистички План вон населено место – Стопански комплекс за Склад за нафтени деривати на отпад  н.м.,,Долно  Ижиште, Општина Македонски Брод

 

 

 

            Врз основа на член 61 став 5 од Законот за животна средина (“Службен весник на РМ”, број 53/05........47/2010) и член 4 од  Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина (“Службен весник на РМ”, број 147/08), Градоначалникот на Општина Македонски Брод донесе

ОДЛУКА

За изработка на Извештај за Стратегиска оцена на животната средина по Урбанистички План вон населено место за Стопански комплекс за Склад за нафтени деривати на отпад  н.м.,,Долно  Ижиште, општина Македонски Брод за Плански период 2010 – 2020, фаза Нацрт план

 

Член 1

            Со оваа Одлука се изработува Извештај за Стратегиска оцена на животната средина по Урбанистички План вон населено место за Стопански комплекс за Склад за нафтени деривати на отпад  н.м.,,Долно  Ижиште, општина Македонски Брод за Плански период 2010 – 2020, фаза Нацрт план

 

Член 2

            Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина по Урбанистички План вон населено место за Стопански комплекс за Склад за нафтени деривати на отпад  н.м.,,Долно  Ижиште, општина Македонски Брод за Плански период 2010 – 2020, фаза Нацрт план, ќе биде изработен од страна на Консултантско Друштво ЕНВИРО РЕСУРСИ, ДООЕЛ, Скопје

Член 3

            Јавната расправа ќе се одржи на ден 11.08.2010 год. со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Македонски Брод.

 

Член 4

            Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина ќе биде ставен на јавен увид на веб страна на Општина Македонски Брод во период од 21.07.2010 год. до 21.08.2010 год., во кој рок заинтересираната јавност може да доставува забелешки, мислења и предлози по електронски пат(mak_brod@yahoo.com), по пошта или преку Архивата на Општина Македонски Брод.

 

Член 5

            Одлуката влегува во сила на денот на донесувањето.

 

             

                                                                                           Општина Македонски Брод

                                                                                                               Градоначалник

                                                                                                              Милосим Војнески

                         Погледнете го целосниот Извештај во pdf формат