| Одделението за администрирање на локални приходи ги врши работите кои се однесуваат на: планирање и утврдување на приходите; евиденција на наплата -собирање на локалните даноци и такси на општината утврдени со Закон; дел од приходите од персонален данок од доход и други даноци утврдени со Закон; идентификација и регистрација на имотот на даночните обврзници; врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот. Раководител на одделение-Филипоска Сузана Советник-Даночен извршител-Јованка Стојаноска Самостоен референт за утврдување на локалните даноци-Надежда Димоска Самостоен референт за утврдување на локалните приходи Трајкоска Благица Доставувач во одделението-Трајаноски Миле Одделение за администрирање на приходи 1, Издавање на решение за користење на музика во јавни локали 2. Издавање на решение за користење на плоштади и друг простор во градовите, и други населени места со цел за изложување на предмети, приредување изложби и забавни приредби за вршење на дејност 3. Издавање на уверение за платени даноци и такси 4. Издавање на решение за комунална такса (фирмарина) 5. Издавање на решение за данок на имот 6. Издавање на решение за наследство и подарок 7. Издавање на решение за утврден данок на промет на недвижност 8. Издавање на решение за користење на простор пред деловен простор за вршење на дејност 9. Издавање на уверение за пазарна вредност на недвижен имот | Е - ОПШТИНА ВОДИЧ ЗА ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ | | | Низ долните линкови можете да се запознаете со начинот на утврдување и на плаќање на данокот на имот и на комуналните такси. Исполнете ја законската обврска • продолжете со редовно плаќање на даноците на имот и на комуналните такси. Со тоа ќе придонесете за поубава, побогата и поуспешна општина. НАШИТЕ ПАРИ ВО НАШАТА ОПШТИНА! | | | | | |  Е - ОПШТИНА ВОДИЧ ЗА ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ - ДАНОК НА ИМОТ | | | Што е данок на имот? Данокот на имот е јавна давачка, која се плаќа за недвижен имот од страна на правни и на физички лица што се сопственици или корисници на недвижниот имот, освен за оној имот што е со закон ослободен од плаќање. Колку вида данок на имот има? Во согласност со членот1 од Законот за даноците на имот („Службен весник на РМ" бр.61/04, 92/07 и 102/08), постојат 3 вида даноци на имот, и тоа: 1. данок на имот, 2. данок на наследство и подарок и 3. данок на промет на недвижности. За кој недвижен имот се плаќа данок на имот и дали има ослободување и олеснување? Данок на имот се плаќа за недвижен имот, и тоа: за земјишта (земјоделски, градежни, шумски и пасишта) и за згради (станбени згради или станови, деловни згради и деловни простории, административни згради и административни простории, згради и станови за одмор и рекреација и други градежни објекти). Постојат даночни ослободувања и олеснувања Данок на имот не се плаќа за: 1. недвижен имот во државна сопственост кој го користат државните органи, недвижен имот во сопственост на општината кој го користат органите на општината, органите на општините во градот Скопје и органите на градот Скопје, освен недвижниот имот кој го користат физички и правни лица; 2. недвижен имот на странски дипломатски и конзуларни претставништва и на претставништва на меѓународни организации, ако е во нивна сопственост, под услов да се применува реципроцитет; 3. недвижен имот во сопственост на Народната банка на Република Македонија; 4. згради и земјиште што се во сопственост на верските заедници; 5. недвижности што во согласност со законот се прогласени за културно наследство; 6. објекти за заштита на земјиштето, на водите и на воздухот; 7. објекти на претпријатијата за работно оспособување, професионална рехабилитација и за вработување инвалиди; 8. земјиште што се користи за површински и за подземен коп во рударството и за геолошки истражувања; 9. економските згради во земјоделството; 10. земјоделско земјиште што се користи за земјоделско производство. Даночно намалување на пресметаниот данок во висина од 50% има даночниот обврзник за данок на имот за станбена зграда или за стан во кој живее со членовите на своето семејство. Како се утврдува висината на данокот на имот? Висината на данокот на имот се утврдува кога на утврдената пазарна вредност ма недвижниот имот ќе се пресмета стапка од 0,10% (Општина Струмица 0,10 %) до 0,20%, а за земјоделско земјиште кое не се користи за земјоделско производство, стапките можат да се зголемат од три до пет пати во одмос на пропишаните стапки. Висината на стапката со одлука ја утврдуваат советите на општините, советите на општините во градот Скопје и Советот на градот Скопје, во согласност со законот. Како се утврдува пазарната вредност на недвижниот имот? Пазарната вредност ја утврдува комисија формирана од советот на општината според Методологијата за утврдување на пазарната вредност која ја пропишува Владата на РМ („Службен весник на РМ" бр.50 од 2005 година). Врз основа на Методологијата за утврдување на пазарната вредност, постојат главни елементи што ја сочинуваат пазарната вредност, и тоа: градежната вредност, микролокацијата и макролокацијата. Кој го плаќа данокот? Во согласност со членот 4 од Законот за даноците на имот („Службен весник на РМ" бр. 61/04, 92/07 и 102/08), даночен обврзник за данокот на имот е правно и физичко лице што е сопственик на имот, корисник на имотот, а во случаите кога сопственикот не е познат или не е достапен, и корисникот на имотот, во согласност со законот. Ако е имотот во сопственост на повеќе лица, секое од нив е обврзано да плаќа данок на имот сразмерно на сопственичкиот дел. Даночен обврзник за данокот на имот е и правно и физичко лице-корисник на недвижен имот во солственост на државата и на општината. Што треба да направам кога ќе добијам решение за плаќање данок на имот за имотот што го поседувам? Каде се плаќа данокот на имот? По добивањето на решението за плаќање на данокот на имот, данокот треба да се плати. Се плаќа на секои три месеци и пристигнува за на'плата во средината на секое тримесечје или еднократно во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението. Данокот на имот се плаќа на соодветна сметка кај носителите на платен промет Што треба да направам ако не сум задоволен/а од проценетата вредност на имотот што сум го купил/а? Ако не сте задоволен/а од проценетата вредност на имотот што сте го кулиле, а која ја утврдил органот со решение, имате право на жалба во рок од 15 дена од денот на примањето на решението. Жалбата не го одложува извршувањето на решението. Жалбата се доставува преку општинската администрација до Министерството за финансии, кое одлучува во второстепена постапка. Даночните обврзници што се мезадоволни од второстепеното решение имаат право да поведат управен спор пред Врховниот суд на Република Македонија. Што треба да направам кога ќе купам имот (куќа, плац, стан, деловна просторија и сл.)? Во согласност со членот 29 став 3 од Законот за данок на имот („Службен весник на РМ" бр. 61/04, 92/07 и 102/08), за имотот што го стекнува или почнува да го користи во текот на годината или ако по некоја друга основа почнува даночна обврска, обврзникот е должен да поднесе даночна пријава во рок од 15 дена од денот кога го стекнал имотот, кога почнал да го користи имотот, односно кога почнала даночната обврска. Пријавата се поднесува до општинската администрација на чие подрачје се наоѓа имотот. Што можам да направам ако во пропишаниот законски рок не можам да го платам данокот? Дали можам да го одложам плакањето? На барање на даночниот обврзник, градоначалникот може да го одложи извршувањето на решението, односно да дозволи одложено плаќање на обврските или плаќање на рати до донесување решение по жалба, ако даночниот обврзник приложи банкарска гаранција, ако уплати готовински депозит или обезбеди друг инструмент за осигурување на плаќањето, освен за даночен долг, односно даночна обврска помала од 10.000,00 денари. Плаќањето на даночната обврска може да се одобри на 12 месечни рати. Што ќе се случи ако не го платам данокот? Дко даночниот обврзник доброволно не го плати пристигнатиот даночен долг во законски пропишаниот рок, се пристапува кон присилна наплата. Оваа постапка се спроведува за неплатен долг заедно со каматата што се определува со решение за присилна наплата. Пред да се примени оваа мерка, општинската администрација е должна да достави опомена на последната адреса што ја пријавил обврзникот во органот. Присилната наплата се извршува од целокупниот имот (движен и недвижен), од приходите и од побарувањата, и тоа со: - попис и процена, одземање (запленување) и продажба на имотот по пат на јавно наддавање, освен на предметите наведени во членот 57 од Законот за данок на имот („Службен весник на РМ" бр. 61/04, 92/07 и 102/08); - забрана за користење на средствата од сметките на даночниот обврзник; - забрана за користење на средствата од личните примања од работен однос; - забрана за користење на побарувањата на даночниот должник. Исполнете ја законската обврска - продолжете со редовно плаќање на даноците на имот, со што ќе придонесете за побогата, поубава и поуспешна општина. НАШИТЕ ПАРИ ВО НАШАТА ОПШТИНА! | | | Е - ОПШТИНА ВОДИЧ ЗА ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ - КОМУНАЛНИ ТАКСИ | | | Што се комунални такси и кога се плаќаат? Комуналните такси се давачки што се плаќаат за користење определени права, предмети и услуги од јавен карактер од страна на правните и на физичките лица што вршат дејност и од страна на граѓаните. Комуналните такси се плаќаат за следниве определени права, предмети и услуги за: 1. секоја фирма, односно назив истакнат на деловна просторија; 2. користење површини за подигање кампови, шатори и за друга слична привремена употреба; 3. користење на простор пред деловните простории за вршење дејност; 4. истакнување реклами, соопштенија и огласи на јавни места; 5. користење музика во јавни локали; 6. поставување витрини за изложување на стоката надвор од деловните згради; 7. користење на плоштадите и на друг простор во градовите и во другите населени места со цел да се изложат предмети, да се приредуваат изложби и други забавни приредби за вршење дејност; 8. користење на просторот, што ќе ги определи општината за таа цел, за паркирање патнички моторни возила, товарни моторни возила и нивни приколки и автобуси; 9. користење на улиците со патнички, товарни моторни возила, автобуси, специјални возила и со мотоцикли и 10. користење и одржување на јавното осветлување. Што треба да направам кога ќе добијам решение за комунална такса? Обврзниците на комунална такса се должни да ја платат во рок од 30 дена од денот на добивањето на решението. За користење музика во јавни локали, ако таксата се однесува за време покусо од еден месец, обврзникот е должен веднаш да ја плати. Ако се однесува за повеќе од еден месец, ја плаќа на еднакви месечни рати, и тоа однапред, а најдоцна до 5-ти во месецот. Комунална такса за истакнување реклама, соопштение, односно оглас, се плаќа веднаш. Што треба да направам ако не добијам решение за комунална такса? Општинската администрација, според податоците од состојбата на 1 јануари секоја година, за секој обврзник одделно, со решение го утврдува износот на таксата што треба да ја плати. Доколку не добиете решение за комунална такса, должни сте да се јавите во општинската администрација за да се утврдат причините и да се отстранат пропустите поради кои не е добиено решението. Како се утврдува износот што треба да се плати? Комуналната такса се утврдува во еднаква висина за сите обврзници што вршат иста дејност. Висината на комунална такса не може да се определува според вредноста на предметот, извршениот промет или на остварениот приход. Комуналната такси се плаќаат според Тарифата за комунални такси. Исполнете ја законската обврска - продолжете со редовно плаќање на комуналните такси, со што ќе придонесете за побогата, поубава и поуспешна општина. НАШИТЕ ПАРИ ВО НАШАТА ОПШТИНА!.
| REPUBLIKA MAKEDONIJA OP[TINA MAKEDONSKI BROD Ul.7 mi septemvri br 4 tel/faks 045 274 810 e-mail
This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it
 | | КАРТА НА УСЛУГА БР.1 | НАЗИВ НА УСЛУГА | Издавање на Решение за користење na музика во јавни локали | | ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА | -Барање до општина Македонски Брод (се поднесува до архивата на општина Македонски Брод) | | ТАКСИ | 250 ден- Административна такса (за барање и решение) -уплатна сметка 840-145-03182 -приходна шифра 722315 | | МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Одделение за администрирање на приходи-(канцеларија-)соба бр. 24, Секој работен ден од 8,3о до 16,3очасот | | РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Добивање Решение во рок од 15 дена од денот на прием на барањето | | РОК НА ЖАЛБА | Рок на жалба -15дена од денот на приемот на решението,преку овој орган до Министерот за финансии (Согласно чл.52 од Законот за данок на имот-Сл.весник на РМ 61/04,92/07) | | ЗАКОНСКИ ОСНОВ | Закон за кумунални такси, член 20,тарифа 5 (Службен весник на РМ бр..61/04,64/05,и 92/07),и Одлука за утврдување на кумунални такси од Општина Македонски брод(Сл.гласник на општина Македонски Брод 08-182/1-3) | | ЗАБЕЛЕШКА | Образец може да се најде на веб страната на општина Македонски Брод, и во рамките на одделението. | | ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСЛУГАТА | КАРТА НА УСЛУГА БР.2 | НАЗИВ НА УСЛУГА | Издавање на Решение за користење на плаштади и други простори во градот,и други населени места со цел на изложување на предмети,приредување изложби, забавни приредби за вршење на дејност | | ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА | -Барање до општина Македонски Брод (се поднесува во архивата на општина Македонски Брод ) | | ТАКСИ | 250 ден.- Административна такса (за брање и Решение) -уплатна сметка 840-145-03182 -приходна шифра 722315 | | МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Одделение за администрирање на приходи- соба бр. 24, Секој работен ден 8,3о до 16,3о часот | | РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Добивање на Решение во рок од 15 дена ,од денот на приемот на барањето | | РОК НА ЖАЛБА | Рок на жалба -15 дена од денот на приемотна решението,преку овој орган до Министерот за финансии (Согласно чл.52 од законот за данок на имот-Сл.весник на РМ( 61/04,92/07) | | ЗАКОНСКИ ОСНОВ | Законот за кумунални такси, член 20 ,тарифа7 (Службен весник на РМ бр.61/04 , 64/05,и 92/07),и Одлука за утврдување на висината на кумуналната такса на општина Македонски Брод(Сл.гласник на општина Македонски Брод( 08-182/1-3) | | ЗАБЕЛЕШКА | Образецот може да се најде на веб страната на општина Македонски Брод,и во рамките на одделението | | ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСЛУГАТА | КАРТА НА УСЛУГА БР.3 | НАЗИВ НА УСЛУГА | Издавање на Уверение за платени локални даноци и такси | | ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА | -Барање во општина Македонски Брод (се поднесува во општина Македонски Брод канцеларија бр.24) -Лична карта (на увид)) | | ТАКСИ | 100ден- Административна такса ( за барање уверение) -уплатна сметка 840-145-03182 -приходна шифра 722315 | | МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Одделение за администрирање на приходи-(канцеларија бр.24. Секој работен ден 8,3о до 16,3о часот. | | РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Добивање на уверение во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето | | РОК НА ЖАЛБА | Рок на жалба- 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот за финансии (согласно член 52 од Законот за даноци на имот-Сл.весник на РМ бр..61/04,92/07) | | ЗАКОНСКИ ОСНОВ | Законот за данок на имот , членот 35 (Службен весник на РМ бр..61/04 и 92/07) | | ЗАБЕЛЕШКА | Образецот може да се најде на веб страната на општина Македонски Брод ,и во рамките на одделението | | ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСЛУГАТА |
КАРТА НА УСЛУГА БР.4 | НАЗИВ НА УСЛУГА | Издавање на Решение за кумунална такса(фирмарина) (по барање на странка) | | ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА | -Баране до општина Македонски Брод -Решение за регистрирање на фирма или друг деловен субјект издадено од Централен регистар (се поднесува до архивата на општината ) | | ТАКСИ | 50,оо ден- Административна такса (за барање) -уплатна сметка 840-145-03182 -приходна шифра 722315 | | МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Одделение за администрирање на приходи-(канцеларија соба бр.24, Секој работен ден 8,3о до 16,3о часот. | | РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Добивање на решение во рок од 15 дена ,од денот на приемот на барањето | | РОК НА ЖАЛБА | Рок на жалба -15 дена од денот на приемот на решението,преку овој орган до Министерот за финансии (Согласно чл.52 од Законот за данок на имот-Сл.весник на РМ 61/04,92/07) | | ЗАКОНСКИ ОСНОВ | Закон за кумунални такси член 4 ,тарифа 1 (Службен весник на РМ бр.61/04,64/05,и 92/07),и Одлука за утврдување на висината на кумунални такси од општина Македонски Брод (Сл.гласник на општина Македонски Брод 08-182/1-3) | | ЗАБЕЛЕШКА | Образецот може да се најде на веб страната на општина Македонски Брод,и во рамките на одделението | | ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСЛУГАТА | КАРТА НА УСЛУГА БР.5 | НАЗИВ НА УСЛУГА | Издавање на Решение за данок на имот (по барање на странка) | | ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА | -Даночна пријава -(образец ДИ) -Имотен лист(фотокопија,и оргинал на увид) -Договор за купопродажба(оргинал) -Договор за подарок(оргинал) -Лична карта(на увид) (се поднесува во архивата на општина Македонски Брод) | | ТАКСИ | 50,оо ден- Административна такса (за пријава) -уплатна смета 840-145-03182 -приходна шифра 722315 | | МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Одделение за администрирање на приходи-(канцеларија бр. 24.Секој работен ден од 8,3о до 16,3о часот. | | РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Добивање на Решение во рок од 15 дена од денот на приемот на барњето | | РОК НА ЖАЛБА | Рок на жалба-15 дена од денот на приемот на решението,преку овој орган до Министерот за финансии (Согласно чл.52 од Законот за данок на имот-Сл.весник на РМ 61/04,92/07) | | ЗАКОНСКИ ОСНОВ | Законот за даноци на имот, член 4 7 (Службен весник на РМ бр. 61/04 , 64/05 ,и 92/07),и Оддлука за утврдување на данокот на имот од општина Македонски Брод (Сл.гласник на општина Македонски Брод( 08-387/2) | | ЗАБЕЛЕШКА | Образецот може да се најде во рамките на одделението | | ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСЛУГАТА | КАРТА НА УСЛУГА БР. 6 | НАЗИВ НА УСЛУГА | Издавае на Решение за наслетство и подарок (по барање на странка) | | ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА | -Даночна пријава-(образец ДИ-НП) -Имотен лист(фотокопија или оргинал на увид) -Договор за подарок,Решение од овластен суд,Решение од нотар (оргинал) -Извод од матична кника на родените на примателот на поклонот -Лична карта (На увид) (се поднесува во општината Македонски Брод канцеларија бр.23) | | ТАКСИ | 250 ден- Административна такса ( за решение) на сметка 840-145-03182 Приходна шифра 722315 | | МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Одделение за администрирање на приходи-(канцеларија бр. 23). Секој работен ден од 8,3о до 16,3о часот | | РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Добивање на решение во рок од 15 дена , од денот на приемот на Барањето | | РОК НА ЖАЛБА | Рок на жалба 15 дена од приемот на решението , преку овој орган до Министерот за финансии (Согласно чл.52 од Законот за данок на имот –Сл. весник на РМ 61/04,92/07) | | ЗАКОНСКИ ОСНОВ | Законот за даноци на имот , член 11 (Службен весник на РМ бр.61/04 и 92/07 ),и Одлука за утврдување за висината на стапката на данокот на наслетство и подарок на општината Македонски Брод (Сл. гласник на општина Македонски Брод 08-387/) | | ЗАБЕЛЕШКА | Образец може да се најде во рамките на одделението | | ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСЛУГАТА | Доколку се работи за втор наследен ред , трет наследен ред и т.н. целокупната документација се доставува во канцеларијата бр.23и се врши проценка од комисијата за проценка за утврдување на пазарната вредност на данокот на имот на наслетството или подарокот . | КАРТА НА УСЛУГА БР.7 | НАЗИВ НА УСЛУГА | Izdavawe na Re{enie za utvrden danok na promet na nedviжност (по барање на странка) | | ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА | -Даночна пријава -(образец ДИ-НП) -Имотен лист (фотокопија или оргинал на увид) -Договор за купопродажба(оргинал) -Лична карта (на увид) (се поднесува во општина Македонски Брод канцеларија бр18) | | ТАКСИ | 250 ден- Административна такса (за решение) на сметка 840-145-03182 Приходна шифра 722315 | | МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Одделение за даноци (канцеларија бр.23 Секој работен ден од 8,3о до16,3о часот | | РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Добивање на решение во рок од 15 дена од денот на приемот на Барањето | | РОК НА ЖАЛБА | Рок на жалба -15 дена од денот на приемот на Решението преку овој орган до Министерот за финансии (Согласно чл.52 од Законот за данокот на имот с.л. веснок на Р:М. бр.61/04 и 92/07) | | ЗАКОНСКИ ОСНОВ | Закон за даноци на имот член 23, (Службен весник на РМ бр.65/2008) и Одлука за утврдување на висината на стапката на данокот на промет на недвижност (Службен гласник на општина Македонски Брод бр.08-387/2) | | ЗАБЕЛЕШКА | Образецот може да се најде на веб страната на општина Македонски Брод | | ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСЛУГАТА | Целокупната документација се доставува во канцеларија бр. 23, до Комисијата за проценка на пазарната вредност за утврдување на данокот на промет . | КАРТА НА УСЛУГА БР.8 | НАЗИВ НА УСЛУГА | Издавање на Решение за користење на простор пред деловен објект за вршење на дејност. | | ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА | -Барање до општина Македонски Брод (се поднесува во архивата на општина Македонски Брод ) -Барање за одобрение за користење на простор ( се поднесува до сектор за урбанизам во општина Македонски Брод) | | ТАКСИ | 250 ден- Административна такса (за барање и решение ) на сметка 840-145-03182 Приходна шифра 722315 | | МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Одделение за даноци-( канцеларија бр.24). Секој работен ден од 8,3о до 16,3о часот | | РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Добивање на решение во рок од 15 дена ,од денот на приемот на барањето | | РОК НА ЖАЛБА | Рок на жалба -15 дена од денот на приемот на Решението,преку овој орган до Министерот за финансии (Согласно чл..52 од Законот за данок на имот сл.весник на РМ бр.61/04 и 92/07) | | ЗАКОНСКИ ОСНОВ | Закон за кумунакни такси, член 20, т.3 (Службен весник на РМ Бр .61/04 , 64/05 и 92/07) и Одлука за утврдување на всината на кумуналната такса (Службен гласник на општина Македонски Брод бр.08-182/1-3) | | ЗАБЕЛЕШКА | Образец може да се најде на веб страната на општина Македонски Брод | | ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСЛУГАТА | КАРТА НА УСЛУГА БР.9 | НАЗИВ НА УСЛУГА | Издавање на уверение за пазарна вредност на недвижен имот | | ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА | -Барање до општина Македонски Брод (се поднесува во општина Македонски Брод канцеларија бр.23) -Лична карта (на увид) | | ТАКСИ | 100 ден- Административна такса (за барање и уверение ) -уплатна сметка 840-145-03182 -приходна шифра 722315 | | МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Одделение за администрирање на приходи-(канцеларија бр.23. Секој работен ден од 8,3о до 16,3о часот) | | РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Добивање на уверение во рок од 15 дена,од денот на приемот на барањето | | РОК НА ЖАЛБА | Рок на жалба - 15 дена од денот на приемот На уверението, преку овој орган до Министерот за финансии (согласно член 52 од законот за даноци на имот-Сл.весник на РМ бр.61/04,92/07) | | ЗАКОНСКИ ОСНОВ | Закон за данок на имот , член 35 (Службен весник на РМ бр.61/04 и 92/07) | | ЗАБЕЛЕШКА | Образец може да се најде на веб страната на општина Македонски Брод ,и во рамките на одделението. | | ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСЛУГАТА | |