| ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА КО-МОДЕРАТОР |
ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА КО-МОДЕРАТОРЦелта на програмата „Форуми во заедницата“ е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на осум форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) вo.... ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА КО-МОДЕРАТОР Целта на програмата „Форуми во заедницата“ е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на осум форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk). Во периодот септември 2009 – ноември 2010, Форумскиот процес во општина Македонски Брод ќе го спроведува Центарот за одржлив развој “Алка”. За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на Ко-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 8 месеци, 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време. Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 5-7 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 28 август, на следната адреса: Ul.Blagoja Davkov br.33, 1000 Скопје или на електронска пошта: snezana.kapsarova@alka.org.mk |