gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Девич

Девина кула

Mожност да се доживеат легендите за Крали Марко.

Езеро Козјак

Езеро Козјак

Козјак е најголемо вештачко езеро во Европа, долго 32 километри.

Пештерата Пешна

Пешна

Пешна се смета за една од пештерите со најголеми отвори на Балканот.

Изградба на тениско игралиште

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 23 Јули 2015

Сподели

alt

Во Општина Македонски Брод започната е изградба на тениско игралиште на локација во ООУ „Св.Климент Охридски“.

Изградбата на ова тениско игралиште е Проект на Владата на Република Македонија кој се реализира преку Агенцијата за млади и спорт, а во соработка со Општина Македонски Брод.

Со овој проект ќе се подобри квалитетот на живеењето на учениците, а ќе се прошират и нивните можности за зголемување на нивната продуктивност во рамките на спортот. Игралиштето ќе биде достапно за сите кои сакаат да го користат.

Повеќе...

Соопштение од Центарот за јавно здравје - Прилеп

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 12 Јуни 2015

Сподели

СООПШТЕНИЕ

Им се соопштува на граѓаните на Општина Македонски Брод дека на ден 16.06.2015 година, во периодот од 23:00 до 05:00 часот на територијата на Македонски Брод, екипа од центарот за јавно здравје - Прилеп ќе ја спроведува теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци.

Комплетното соопштение можете да го погледнете и превземете ТУКА

Објава бр.19 за отуѓување на градежно земјиште

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 15 Мај 2015

Сподели

Објава бр.19/2015

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно надавање во Општина Македонски Брод

Комплетната Објава можете да ја погледнете и превземете ТУКА.

Аплицирањето се врши електронски на следната веб страна https://www.gradezno-zemjiste.mk 

Известување за правните и физичките лица кои користат јавни површини пред деловни објекти

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 09 Април 2015

Сподели

Се известуваат сите правни и физички лица кои имаат потреба од користење на јавни површини, заради поставување на сезонска опрема за вршење на трговија од мал обем или угостителска дејност (летни бавчи), пред своите деловни објекти на територијата на Општина Македонски Брод да достават Барање до Општина Македонски Брод - Одделение за комунални дејности, најдоцна до 20.05.2015 година заради добивање на Одобрение за користење на јавна површина.

После овој рок ќе се врши редовна контрола и ќе се превземаат мерки предвидени со Закон за противправно користење на просторот пред деловни простории за вршење на дејност.

При вршење на надзорот доколку се утврди дека корисникот на јавната површина нема Одобрение, општинскиот орган ќе го задолжи со Решение да ја отстрани опремата од јавната површина во рок од два дена.

Во случај опремата да не се отстрани во определениот рок истата ќе ја отстрани надлежната служба на општината.

При непочитување на условите утврдени во одобрението, истото на корисникот ќе му биде одземено.

Велигденска честитка

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 08 Април 2015

Сподели

alt

Почитувани граѓани,

Со особена радост и задоволство во пресрет на празнувањето на најголемиот христијански празник ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, кој со својата неповторливост повеќе од две илјади години е темел на христијанството во светот, дозволете ми на сите христијани, да Ви го честитам ВЕЛИГДЕН и да Ви посакам здравје, благодет, Христова љубов, а на сите граѓани спокој во својот дом и во сечие срце. Возвишен е овој ден зошто е празник на животната радост и од кој што извираат љубовта и надежта. За да го доживееме и ние воскресението Христово, потребно ни е да се вплотиме во вистината и правдата, да растеме во љубовта и благочестието, во трпението и милосрдието - да живееме во верата со добри дела. Само доколку нашиот живот го красат такви добродетели тогаш сме ја разбрале смислата на нашето постоење. Прославувајќи го Христовото воскресение ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе на светот. Затоа да бидеме благодарни на Неговата милосрдност и бескрајна љубов. 

Нека ни е честит Великиот ден - Воскресението Христово и нека Господ не дари со сила, верба и благослов, за да го сочуваме, негуваме она што ни го дал како наследство, чекорејќи по тој пат праведно, одговорно и чесно. Нека е за многу години големиот празник! ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!!

                                                                       Градоначалник,

                                                                    Милосим Војнески

Јазик Language

Македонски

Веб врски





























Најново видео

   
Снимка од пуштањето во употреба на мост во близина на село Могилец.

Facebook Фан страна

Календар на настани

Јули 2017
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Посетители

Денес70
Вчера158
Седмица826
Месец1973
Вкупно102517

од 4.11.2010 год.