gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Девич

Девина кула

Mожност да се доживеат легендите за Крали Марко.

Езеро Козјак

Езеро Козјак

Козјак е најголемо вештачко езеро во Европа, долго 32 километри.

Пештерата Пешна

Пешна

Пешна се смета за една од пештерите со најголеми отвори на Балканот.

Уредување на споменикот на природата Белешничка река за развој на еко туризмот

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 24 Август 2015

Сподели

alt

Во општина Македонски Брод во тек е реализација на проектот „Уредување на споменикот на природата Белешничка река за развој на еко туризмот“.

Општина Македонски Брод со овој проект аплицираше по јавен повик за прибирање на предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби до Бирото за регионален развој на РМ, по што овој проект беше избран за финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.

Вкупниот фонд за реализација на проектот изнесува 1.984.760 денари од кои 90% се учество на Бирото за регионален развој, а 10% се од Буџетот на Општина Македонски Брод.

Со реализација на проектот се опфаќа изработка и поставување информативни табли за геодиверзитетот и биодиверзитетот, уредување и означување на пешачки патеки, изработка на лифлет со вцртани граници и пешачки патеки и лифлет за габи, со што ќе се создадат услови за унапредување на природните вредности на заштитеното подрачје околу Белешничка река, рурален развој на подрачјето во делот на туризмот, промоција на локалните рурални природни убавини како и развивање на знаења и вештини за локални туристички водичи кои ќе бидат во функција на исполнување на потребите за атракција и уникатно доживување на туристите.

Со оглед дека од подрачјето егзистираат поголем број на собирачи на диви видови на растенија во склоп на проектот ќе се организира и една работилница чија цел е подигање на јавната свест и едукација на локалното население од регионот каде интензивно се собираат печурки. На истата ќе бидат претставени најзначајните комерцијални видови на габи. методите и техниките по кои тие се препознаваат и се разликуваат од отровните видови, како и начинот на правилно собирање со цел нивно одржливо користење. Имајќи предвид дека се работи за видови кои можат да се сретнат на откупните пунктови, кампањата ќе биде насочена и кон правните и физичките лица вклучени во прометот со печурки.

Реализацијата на овој проект се планира да заврши во месец Ноември оваа година.

alt

Белица

Оглас за избор на ко-модератор

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 21 Август 2015

Сподели

Општина Македонски Брод ќе спроведува буџетски форум со цел партиципативно и транспарентно изготвување на Буџетот на општината за 2016 година заедно со граѓаните.

За потребите на форумот се распишува оглас за избор на ко-модератор кој ќе биде ангажиран во времетраење од 6 (шест) месеци, 10 (десет) работни дена во текот на месецот со флексибилно работно време.

Ко-модераторот е помошник на модераторот и раководител на оперативната група.

Комплетниот оглас можете да го погледнете и превземете ТУКА.

Втор слој на асфалт на крак од ул.„Маршал Тито“

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 20 Август 2015

Сподели

alt

Деновиве се поставува нов слој на асфалт на крак од ул.„Маршал Тито“, кој води до градскиот фудбалски стадион.

Слики можете да погледнете на Повеќе.

Повеќе...

Нова униформа на Територијалната противпожарна единица

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 19 Август 2015

Сподели

alt

Деновиве пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонски Брод, преку Јавна набавка меѓу првите во републикава ја обновија својата летна работна униформа по новиот Правилник за видот и изгледот на униформата, видот на заштитната опрема и начинот на проверка и испитување на нејзината исправност, согласно член 10 став 3 од Законот за пожарникарство („Службен весник на РМ“ број 67/04, 55/13 и 158/14), донесен од Дирекцијата за заштита и спасување.

Летната работна униформа на пожарникарите се состои од: панталони, летно палто, маица, летни чевли, чорапи, ремен за панталони и безбол капа.  

Униформите во вредност од 136.998,00 денари кои се обезбедени од Буџетот на Општина Македонски Брод се набавени од фирмата „ХОРВАТ“ ДОО - членка на Пастор Група.

Повеќе...

Пробивање на улици во туристичка населба Близанско,Здуње и Белица

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 12 Август 2015

Сподели

alt

Општина Македонски Брод интензивно работи на пробивање на улици во туристичката населба Близанско. Средствата во вредност од 11.006.974 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Македонски Брод.

Изведувач на работите е градежната фирма „ПЕЛА-ТРАНС“ - с.Мажучиште.

Со изградбата на улиците и уредувањето на оваа населба во голема мера ќе се подобрат условите за развој на туризмот. Веќе се продадени 114 парцели од кои една за мотел, една за спорт и рекреација и една за комерцијални дејности, а останатите за викендици.

Повеќе...

Јазик Language

Македонски

Веб врски





























Најново видео

   
Снимка од пуштањето во употреба на мост во близина на село Могилец.

Facebook Фан страна

Календар на настани

Ноември 2017
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Посетители

Денес26
Вчера68
Седмица94
Месец1878
Вкупно112889

од 4.11.2010 год.