gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Девич

Девина кула

Mожност да се доживеат легендите за Крали Марко.

Езеро Козјак

Езеро Козјак

Козјак е најголемо вештачко езеро во Европа, долго 32 километри.

Пештерата Пешна

Пешна

Пешна се смета за една од пештерите со најголеми отвори на Балканот.

Повик за новогодишно украсување на дворовите во пресрет на новата 2016 година

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 11 Декември 2015

Сподели

Повик за новогодишно украсување на дворовите во пресрет на новата 2016 година

Општина Македонски Брод ги повикува граѓаните на Македонски Брод, да учествуваат во новогодишно разубавување на градот, украсувајќи ги сопствените објекти и дворови во пресрет на Новата година и Божиќ.

Оваа година ќе биде направен избор на три најубави новогодишни декорации на индивидуални  објекти,  при што градоначалникот Милосим Војнески на избраните ќе им додели парични награди во висина од 100 евра во денарска противредност.

Заинтересираните граѓани можат да ги пријават своите декорации  на телефонот 274-810 или директно во Одделението за локален економски развој.

Од страна на градоначалникот ќе биде формирана комисија која ќе излезе на терен, ќе направи обиколка низ градот и ќе ги евидентира објектите кои годинава ќе бидат украсени, по што ќе се донесе одлука кои од нив ќе бидат избрани за најубави декорации.

Имињата на добитниците ќе бидат објавени на интернет страниците на Општина Македонски Брод.

Пријавувањето на заинтересираните ќе трае до 30 Декември 2015 година.

За доделувањето на наградите  ќе следи известување на општинските интернет страници.


    Општина Македонски Брод

                                                     Градоначалник

                                                  Милосим Војнески

                                                                                                

                                                                                        

Извештај од четвртата форумска сесија

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 26 Ноември 2015

Сподели

alt

Форумот во Општина Македонски Брод, на четвртата форумска сесија што се одржа на 25.11.2015 година, во просториите на ООУ „Св.Климент Охридски“, разгледуваше неколку буџетски програми за 2016 година и тоа: Програма за развој на културата и спортот, Програма за заштита на животната средина и Програма за изградба, реконструкција и одржување на водоводи, канализациони мрежи и собирање и одведување на атмосферски води.

На сесијата на која присуствуваа 107 учесници, беа презентирани и предлозите од работните маси, коишто претходно беа разгледани заедно со Градоначалникот на Општина Македонски Брод, по што беа усвоени и од страна на форумот.

Учесниците на форумот дадоа 48 предлози за тоа како да се трошат буџетските средства согласно потребите на граѓаните за секоја буџетска програма одделно. 

alt

alt

Извештај од втората форумска сесија

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 24 Октомври 2015

Сподели


Извештај од втората форумска сесија

Втората форумска сесија во Општина Македонски Брод на која присуствуваа деведесетина граѓани од општината се одржа на 21.10.2015 година, во просториите на ООУ „Св.Климент Охридски“.

Во првиот дел на сесијата, после усвојувањето на записникот од претходната сесија, претставник на работната група им ги презентираше на присутните анализите на предложените приоритети. Притоа, најголем дел од предложените приоритети беа прифатени од општината за да се вклучат во буџетот за наредната година. Граѓаните беа запознаени со Прегледот на планирани/реализирани приходи на Општина Македонски Брод за 2015 година, како и Проекцијата на приходи на општината за 2016 година.

Учесниците, откако дискутираа по работни маси, дадоа 24 предлози за зголемување на приходите на општината за коишто на работен состанок на формираната работна група, ќе се разгледаат можностите за нивно вклучување во буџетското планирање. На оваа форумска сесија беа презентирани расходите по 6 буџетски програми за 2016 година што ќе бидат дискутирани на следните форумски сесии.

 



Извештај од спроведена акција „Македонија без отпад 2015“

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 06 Октомври 2015

Сподели

Извештај од спроведена акција

alt

alt

Целосниот извештај од спроведената акција можете да го погледнете ТУКА.

Слики од спроведената акција можете да погледнете на Повеќе...

Повеќе...

Извештај од првата форумска сесија

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 01 Октомври 2015

Сподели

alt

Првата форумска сесија со која започна спроведувањето на Буџетскиот форум во Македонски Брод се одржа на 30 Септември во ООУ „Св.Климент Охридски“ во присуство на 117 жители на општината.

Форумскиот процес го поздрави Градоначалникот на општина Македонски Брод г-дин Милосим Војнески кој изрази благодарност до граѓаните за масовното учество на форумот како и за поддршката од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) на спроведувањето на процесот.

На првата форумска сесија граѓаните имаа можност да се запознаат со процесот на буџетирање, структурата на буџетот на општина Македонски Брод, реализацијата на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за 2016 година.

Форумот формираше 8 работни маси согласно буџетските програми.

alt

alt






Јазик Language

Македонски

Веб врски





























Најново видео

   
Снимка од пуштањето во употреба на мост во близина на село Могилец.

Facebook Фан страна

Календар на настани

Јули 2017
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Посетители

Денес70
Вчера158
Седмица826
Месец1973
Вкупно102517

од 4.11.2010 год.