Известување
Известување
Општина Македонски Брод, Ве известува дека по објавениот Повик за новогодишно украсување на дворовите во пресрет на Новата 2017 година, изврши избор на најубаво украсени дворови и објекти.
По разгледувањето на Записникот од извршениот увид на лице место по поднесените пријави за избор на најубави новогодишни декорации, избрани се декорациите на:
Прво место - две награди:
Ленче Илијоска - ул.„Браќа Миладиновци“ бр.21 Македонски Брод и
Марина Јованоска - ул.„7-ми Септември“ бб Македонски Брод
Второ место - две награди:
Димче Костоски - ул.„Партизанска“ бр.39 Македонски Брод и
Оливер Цветкоски - ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ бр.1 Македонски Брод
Трето место:
Васе Михајлоски - ул.„Иво Лола Рибар“ бр.1 Македонски Брод
Избраните ќе бидат наградени со паричен износ од по 4000,00 денари за освоено прво место, по 3000,00 денари за освоено второ место и 2000,00 денари за освоено трето место.
Општина Македонски Брод им честита на наградените.
Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор
Општина Македонски Брод објавува
Кокнкурс за најубаво украсен новогодишен двор
Пријавувањето на празнично украсените дворови и куќи, граѓаните можат да го направат во архивата на Општина Македонски Брод, на телефон 274-810, директно во Одделението за локален економски развој, како и на е-маил адресата: mak_brod@yahoo.com.
Во пријавите граѓаните треба да остават лични податоци (име и презиме), адреса и контакт телефон најдоцна до 30.12.2016 година.
Комисијата составено од членови од општинската администрација ќе ги посети пријавените, по што ќе бидат избрани и прогласени трите најубаво украсени куќи и дворови, што ќе бидат соодветно наградени.
При новогодишното украсување на дворови треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувувањето на амбиенталноста.
За доделувањето на наградите за најубаво раскажаните новогодишни приказни со помош на украси и светилки, ќе бидете известени на општинската интернет страница и лично на Вашите контакт телефони.
Општина Македонски Брод
Градоначалник
Милосим Војнески
Јавен увид по Нацрт Извештај за стратегиска оценка на животната средина по Нацрт Регионалниот план за управување со отпад за Југозападниот регион
Почитувани дополнителни информации за јавниот увид можете да погледнете на следниот ЛИНК.
Објава на Барање за Б-интегрирана еколошка дозвола од Хаби градба
Објава на Барање за Б-интегрирана еколошка дозвола од Хаби градба
Почитувани, Барањето за Б-интегрирана еколошка дозвола можете да го погледнете и превземете ТУКА.
Објава број 23/16 за отуѓување на градежно земјиште
ОБЈАВА бр.23/16
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно надавање во Општина Македонски Брод
Комплетната Објава можете да ја погледнете и превземете ТУКА.
Аплицирањето се врши електронски на следната веб страна http://www.gradezno-zemjiste.mk/