gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Девич

Девина кула

Mожност да се доживеат легендите за Крали Марко.

Езеро Козјак

Езеро Козјак

Козјак е најголемо вештачко езеро во Европа, долго 32 километри.

Пештерата Пешна

Пешна

Пешна се смета за една од пештерите со најголеми отвори на Балканот.

Повторна објава

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 01 Февруари 2012

Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 01.02.2012 година повторно објавува:
Ј А В Е Н  О Г Л А С
до невработените лица
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се:
  • Евидентирани невработени лица над 6 месеци;
  • поранешни вработени лица во дејноста на енергетиката на кои работниот однос им престанал поради деловни причини;
  • професионални војници на кои им престанала службата во АРМ;
  • млади лица до 27 годишна возраст;
  • корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;

         како и:

корисници на социјална парична помош, лица со статус деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, бездомни лица, поранешни корисници на дрога, родители на деца на улица, самохрани родители, родители со 4 и повеќе малолетни деца, жени на возраст од 29-49 години, лица под суспендијарна заштита, бирачи на ПЕТ отпадоци, Роми, млади брачни двојки со или без деца до 45 годишна возраст,  возрасни лица од  55 до 62 години, осудено лице по отпуштање од казнено поправна установа,  корисници на паричен надоместок по основа на невработеност, долгорочно невработени (над 1 година евидентирани во АВРМ), евидентирани невработени лица над 6 месеци,

и кои своето вработување сакаат да го решат со финансиска подршка преку Програма за самовработување , да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРМ каде редовно се евидентираат како невработени лица.

Заинтересираните невработени лица на овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат најдоцна до 07.02.2012 година во работните клубови на 30-те Центри за вработување во РМ.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РМ, на контакт телефонот 02 3298-297 и на веб страната www.avrm.gov.mk


Покана за јавна дебата

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 25 Јануари 2012

Почитувани,

Асоцијација за Демократска Иницијатива (АДИ) Ве кани на јавна дебата на тема „Локална одговорна и транспарентна самоуправа“ која ќе се одржи во општина Македонски Брод на 27,01,2012 во 11 часот.
Јавната дебата се организира во рамките на проектот „Локална одговорна и транспарентна самоуправа“. Проектот е поддржан од програмата CIVICA Mobilitas, имплементиран од Центарот за институционален развој ЦИРа и финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка. Проектот има за цел зголемување на транспарентноста и доброто владеење во работата на единиците на локалната самоуправа, унапредување на нивната соработка со граѓанските организации, како и увид во функционирањето на месните заедници, преку анализа на моменталната состојба и подготовка на препораки за унапредување на работата на локалните власти.
На јавната дебата ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето во сите вклучени општини,а освен тоа ќе се слушне и ставот на граѓаните во однос на унапредувањето на транспарентноста и доброто владеење на локалните власти и да се создадат основи за поактивно вклучување на граѓаните во процесот на одлучување на локално ниво.
Ќе ни биде задоволство и од огромно значење, доколку ја прифатите нашата покана и издвоите време да присуствувате на оваа јавна дебата.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на мејлот Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на тел. 042 22 11 00
За дополнителни информации слободно контактирајте ја канцеларијата на АДИ во Гостивар.

Со почит,
Лулзим Хазири,
Програмски директор

Соопштение од Агенцијата за вработување на РМ

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 22 Јануари 2012

Агенцијата за вработување на Република Македонија објавува:
Ј А В Е Н  О Г Л А С
до невработените лица
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се:
  • Евидентирани невработени лица над 6 месеци;
  • поранешни вработени лица во дејноста на енергетиката на кои работниот однос им престанал поради деловни причини;
  • професионални војници на кои им престанала службата во АРМ;
  • млади лица до 27 годишна возраст;
  • корисници на паричен надоместок по основ на невработеност,
и кои своето вработување сакаат да го решат со финансиска подршка преку Програма за самовработување , да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРМ каде редовно се евидентираат како невработени лица.
Заинтересираните невработени лица на овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат најдоцна до 31.01.2012 година во работните клубови на 30-те Центри за вработување во РМ.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РМ, на контакт телефонот 02 3298-297 и на веб страната www.avrm.gov.mk

Оглас за распределба на возни редови

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 16 Јануари 2012

alt

Врз основа на член 32 став 2 од Одлуката за општински линиски превоз на патници во Македонски Брод број 07-322/11 од 31.03.2010 година, Општина Македонски Брод објавува

О Г Л А С
За распределба на возни редови за нови линии и промена на возни редови за одобрени линии по превозници

   Право да учествуваат имаат сите превозници кои поседуваат лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници издадена од Градоначалникот на Општина Македонски Брод.
   Постапката за доделување на возни редови за нови линии и промена на возни редови за одобрени линии ќе ја спроведе 3 (три) члена Комисија.
   Барањата за одобрување на возни редови за нови линии и промена на возни редови за одобрени линии се поднесуваат до Секторот за урбанизам, комунални дејности, локален економски развој и заштита на животната средина при Општина Македонски Брод најдоцна до 03.02.2012 година.
   Барањето за одобрување на возен ред за нова линија и промена на возен ред за одобрена линија можете да го превземете ТУКА.

Јавна покана за поднесување на даночна пријава

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 11 Јануари 2012

Врз основа на член 29 од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија“ број 61/2004... 53/2011), Општина Македонски Брод истакнува:
ЈАВНА ПОКАНА
за поднесување на даночна пријава
за утврдување на данокот на имот за 2012 година
Јавната покана можете да ја превземете тука.

Јазик Language

Македонски

Веб врски




























Мак Брод- Facebook

Најново видео

Форуми во заедницата
Буџетски форум 2011 година

Временска прогноза

Календар на настани

Февруари 2012
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 1 2 3 4

Општински билтен

Запиши се за да добиваш информации поврзани со Општина Македонски Брод.

Посетители

Денес0
Вчера43
Седмица96
Месец265
Вкупно15187

од 4.11.2010 год.