Повторна објава
- Евидентирани невработени лица над 6 месеци;
- поранешни вработени лица во дејноста на енергетиката на кои работниот однос им престанал поради деловни причини;
- професионални војници на кои им престанала службата во АРМ;
- млади лица до 27 годишна возраст;
- корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;
како и:
корисници на социјална парична помош, лица со статус деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, бездомни лица, поранешни корисници на дрога, родители на деца на улица, самохрани родители, родители со 4 и повеќе малолетни деца, жени на возраст од 29-49 години, лица под суспендијарна заштита, бирачи на ПЕТ отпадоци, Роми, млади брачни двојки со или без деца до 45 годишна возраст, возрасни лица од 55 до 62 години, осудено лице по отпуштање од казнено поправна установа, корисници на паричен надоместок по основа на невработеност, долгорочно невработени (над 1 година евидентирани во АВРМ), евидентирани невработени лица над 6 месеци,
и кои своето вработување сакаат да го решат со финансиска подршка преку Програма за самовработување , да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРМ каде редовно се евидентираат како невработени лица.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РМ, на контакт телефонот 02 3298-297 и на веб страната www.avrm.gov.mk
Покана за јавна дебата
Асоцијација за Демократска Иницијатива (АДИ) Ве кани на јавна дебата на тема „Локална одговорна и транспарентна самоуправа“ која ќе се одржи во општина Македонски Брод на 27,01,2012 во 11 часот.
Јавната дебата се организира во рамките на проектот „Локална одговорна и транспарентна самоуправа“. Проектот е поддржан од програмата CIVICA Mobilitas, имплементиран од Центарот за институционален развој ЦИРа и финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка. Проектот има за цел зголемување на транспарентноста и доброто владеење во работата на единиците на локалната самоуправа, унапредување на нивната соработка со граѓанските организации, како и увид во функционирањето на месните заедници, преку анализа на моменталната состојба и подготовка на препораки за унапредување на работата на локалните власти.
На јавната дебата ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето во сите вклучени општини,а освен тоа ќе се слушне и ставот на граѓаните во однос на унапредувањето на транспарентноста и доброто владеење на локалните власти и да се создадат основи за поактивно вклучување на граѓаните во процесот на одлучување на локално ниво.
Ќе ни биде задоволство и од огромно значење, доколку ја прифатите нашата покана и издвоите време да присуствувате на оваа јавна дебата.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на мејлот Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на тел. 042 22 11 00
За дополнителни информации слободно контактирајте ја канцеларијата на АДИ во Гостивар.
Со почит,
Лулзим Хазири,
Програмски директор
Соопштение од Агенцијата за вработување на РМ
до невработените лица
- Евидентирани невработени лица над 6 месеци;
- поранешни вработени лица во дејноста на енергетиката на кои работниот однос им престанал поради деловни причини;
- професионални војници на кои им престанала службата во АРМ;
- млади лица до 27 годишна возраст;
- корисници на паричен надоместок по основ на невработеност,
Заинтересираните невработени лица на овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат најдоцна до 31.01.2012 година во работните клубови на 30-те Центри за вработување во РМ.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РМ, на контакт телефонот 02 3298-297 и на веб страната www.avrm.gov.mk
Оглас за распределба на возни редови

Барањата за одобрување на возни редови за нови линии и промена на возни редови за одобрени линии се поднесуваат до Секторот за урбанизам, комунални дејности, локален економски развој и заштита на животната средина при Општина Македонски Брод најдоцна до 03.02.2012 година.
Барањето за одобрување на возен ред за нова линија и промена на возен ред за одобрена линија можете да го превземете ТУКА.
Јавна покана за поднесување на даночна пријава
за поднесување на даночна пријава
за утврдување на данокот на имот за 2012 година
Информации
Најново видео
Буџетски форум 2011 година
Временска прогноза
Општински билтен
Посетители
Вчера43
Седмица110
Месец279
Вкупно15201
од 4.11.2010 год.




















